Здравство

Активни над 14 илјади случаи со Ковид-19, надлежните апелираат за вакцинација

31.08.2021 10:01

Во последната ковид статистика е регистиран драстичен пад на новозабоелни, но и на тестирани. Од направени 2.628 тестирања има 299 нови случаи на Ковид-19. Сѐ уште е висока бројката на починати. Пријавени се 32 лица кои ја загубиле битката со болеста.

Според последните податоци од Министерството за здравство, во моментов се активни 14.077 случаи на заразени со Ковид-19. Најголем број активни случи има во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово. Од почетокот на пандемијата досега во земјава заболеа 175.624, а починаа 5.901 лица.

Во последната ковид статистика е регистиран драстичен пад на новозабоелни, но и на тестирани. Од направени 2.628 тестирања има 299 нови случаи на Ковид-19. Сѐ уште е висока бројката на починати. Пријавени се 32 лица кои ја загубиле битката со болеста.

Состојбата повторно станува аларматна, секојдневно се бележи голем број на хоспитализирани лица, а надлежните се повеќе апелираат за вакцинација.