„Авантурите на Ристина и Шарко“- едукативна игра за деца
Преку играта децата треба да ги учат буквите и некои од основните поими и зборови на македонскиот јазик.
Учењето преку забава е еден од најефиканите начини. Децата најлесно може да се заинтересираат и поттикнат преку игра. За таа цел, со поддршка на Агенцијата за иселеништво на РС Македонија, е изработена едукативна игра „Авантурите на Ристина и Шарко“, наменета за учење на македонскиот јазик кај децата во државата и во дијаспората.
Ова е прв проект од ваков тип, а главната цел е да се промовира и олеснува учењето на македонскиот јазик кај младата популација.
Преку играта децата треба да ги учат буквите и некои од основните поими и зборови на македонскиот јазик.
Буквите и поимите се поддржани и со аудио материјал, за да го олесни изговарањето на поимите и буквите, кои се прикажани на сликите.
Главни ликови се Ристина (рис) и Шарко (куче), како симболи на нашата држава.
Игрите се поделени во 4 категории, секоја со повисоко ниво.
Аида Николовска
