Заев: Создадовме држава со сосема извесна европска иднина

31.08.2021 15:52

Денот на независноста 8-ми септември ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ги потврдиме нашите стратегиски патокази. Да трасираме пат за демократски развој исполнет со меѓусебно разбирање, благосостојба и просперитет, рече приемиерот Зоран Заев во обраќањето на свечената владина седница по повот 30 годишнината од независноста. Создадовме држава со сосема извесна европска иднина, нагласи Заев...

Денот на независноста ќе остане запаметен по обединувањето за потврдување на стратегиските патокази. Трасиравме пат за демократски развој исполнет со меѓусебно разбирање, благосостојба и просперитет, рече премиерот Зоран Заев. Создадовме држава со сосема извесна европска иднина.

Во пресудните моменти, вели, кога се решаваа историските прашања, граѓаните на нашата земја и одговорните политички лидери носеа важни одлуки. Изградивме динамично општество во кое треба да вложуваме.

Заев ги повика граѓаните да се вклучат во јубилејната прослава за одбележување на 30 – години независност на државата на 8-ми септември.

 

Наташа Гркова- Петрушевска