ДИК: Заклучно со 30-ти август 9.890 лица се провериле во Избирачкиот список
31.08.2021 16:39
Поднесени се вкупно 18 барања за запишување во Избирачкиот список, 18 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и 11 барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

Државната изборна комисија соопшти дека заклучно 30-ти август 2021-ва до 21:00 часот вкупно 9.890 лица се провериле во Избирачкиот список.
Поднесени се вкупно 18 барања за запишување во Избирачкиот список, 18 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и 11 барања за измена на податоците во Избирачкиот список.
До Државната изборна комисија на меил адресата [email protected] се поднесени вкупно 30 барања.
