Со маски и мерење температура почна новата учебна година
После година и половина, 187 илјади основци и 70 илјади средношколци од денеска се вратија во училишните клупи. Најрадосни беа првоодделенците и нивните родители. Нашата екипа го посети основното училиште во скопско Стајковци каде што настава посетуваат над 400 ученици...

Наместо учителката, денешните првачиња прво го запознаваат редарот. Додека трае ковид пандемијата, мерките за заштита ќе му бидат секојдневие на Павел. Павел си го знае редот, одел во градинка, но и родителите го подготвувале на што треба да води сметка.
„Да држам растојание, да дезинфицирам раце и да учам“- вели Павел.
Такото на Павел е задоволен што наствата ќе се одвива во школските клупи, смета дека така е најдобро за децата.
Во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци над 400 ученици почнаа настава. За разлика од лани, годинава училниците ќе бидат полни, паралеките нема да се делат, наствата за сите е со физичко присуство. Наша должност е да се грижиме за безбедноста и здравјето на учениците, вели директорката Анита Ангеловска. Има повеќе строго дефинирани начела кои мора да се почитуваат.
За 130 ученици кои минтата година доаѓале на настава потрошиле повеќе од 100 килограми средство за дезинефкција на раце. Ангеловска вели имаат искуство од минатата година, бидејќи неколку пати цели одделенија оделе во излолација поради позитивен наставник или родител, но за среќа ниту едно дете не се разболело.
Учениците кои поради здравствени причини нема да можат да селдат настава со физичко присутво, наствата ќе ја следат дома онлајн.
Наташа Јанчиќ Менковски
