Царовска: Спремни ја започнуваме учебната година
Успешна учебна година на учениците им посака и министерката за образование и наука Мила Царовска. Им порача да имаат верба во себе и да не се откажуваат пред предизвиците на патот што води до нивните цели. Се огласи и опозицијата- Царовска и Владата го преспаа летото и не создадоа услови за физичко присуство на учениците на почеток на наставата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, дезинфекција нема, а во протоколите има пропусти...

Сите ученици да почнат со настава, нема одложување, потврди министерката Царовска на почетокот на новата учебна година. Одлуката за онлајн настава останува само за четирите градови, а за две недели главниот координативен штаб ќе направи проценка на состојбата. Царовска уверува дека системот е подготвен да се менува доколку е потребно, со две резервни сценарија за комбинирана или целосна онлајн настава.
Народниот правобранител побара од надлежните редовно да ја следат состојбата и ако треба брзо да се премине кон онлајн настава. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини дека Царовска и Владата го преспале летото и не овозможиле услови за настава со физичко присуство. Според нив, има пропусти во протоколите.
Социјалдемократите контра ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека oбразовниот систем е целосно подготвен за работа и од здравствен и од едукативен аспект, а опозицијата како што рекоа, ја манипулира јавноста.
Викторија Милевска
