Шахпаска: Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата
71 насто од вработените се вакцинирани, а процентот на имунизирани негуватели и воспитувачи е уште поголем...

Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата, но почитувањето на мерките останува врвен приоритет, вели министерката Шахпаска. Додава дека 71 насто од вработените се вакцинирани, а процентот на имунизирани негуватели и воспитувачи е уште поголем.
„Бројката на позитивни вработени е 17 и шест позитивни дечиња. Можам да кажам дека состојбата во градинките е стабилна и е под контрола и будно се следи“, изјави министерката Шахпаска.
Во градинка одат 4.408 деца вели министерката, а слободни се 25.500 места. Планот на министерството е во наредните три години да се обезбеди место во градинка за 60 насто од децата од предшколска возраст.
Со последната владина одлука се зголемува бројот на децата во градинките, но само во големите групи, и тоа од 21 на 25 деца. Нема да има промени во групите до две години.
Анита Димитријевска Велковска
