Политика

Партиите најавија позитивна кампања за локалните избори

01.09.2021 15:30

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави дека опозицијата планира да води позитивна кампања за локалните избори и не планираат да се занимаваат со тоа колку градоначалниците на СДСМ и ДУИ се лоши и неспособни бидејќи тоа, според него, граѓаните го знаат. Се огласија и Социјалдемократите. Велат дека понудиле најдобри кадри и програма за решавање на локалните проблеми...

Лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, за локалните најави позитивна кампања, бидејќи смета дека граѓаните сакаат да слушнат надеж и конкретни решенија. Во фокусот- борбата со криминалот и корупцијата, реализирани и остварени проекти, отчетност, и транспаретност. Мицкоски е уверен во победата на ВМРО-ДПМНЕ, надевајќи се дека по локалните ќе има и нова Влада.

И во СДСМ оптимизам. Велат дека понудиле најдобра кадри и програма за решавање на локалните проблеми. Според Кузеска, партијата е препознаена по аформативна кампања, а опозицијата ја повика да престане како што рече, со лажните вести и блокадите.

На локалните избори што ќе се одржат на 17-ти октомври, ќе учествуваат и 25 независни кандидати во дваесетина општини. Адутите на партиите во најголем број се познати. Крајниот рок за доставување на листите е 11-ти септември.   

 

Игор Панов