Децата со попреченост во редовна настава добиваат образовни асистенти
Од оваа учебна година, инклузијата на децата со попреченост оди чекор напред. Оние кои се во редовна настава добиваат образовна асистенција и поддршка од специјални едукатори и рехабилитатори...

Согласно со законските измени, учениците со попреченост вклучени во редовната настава добиваат образовни асистенти и поддршка од специјални едукатори и рехабилитатори. Новина која многу ќе значи од финансиски аспект и една посилна поддршка во развојот на децата, велат родителите.
Елена Мицевски, образовен асистент е само една од новите систематски решенија. Ако досега главно одела по домовите, отсега вели постојано ќе биде во училница и очекува со тимската работа на своите колеги дефектолози, побрзо вклопување во средината со другите деца.
По трансформацијата на досега посебните паралелки, ОУ „Ѓорги Сугарев“ стенува центар од каде ќе се помага и на останатите битолски училишта.
Напоменуваат дека дете може да добие образовен асистент само по направени функционални проценки од стучен тим.
Стевче Митревски
