Здравство

Нови 906 случаи со Ковид-19, 26 починати

01.09.2021 20:04

Има 26 починати од коронавирусот, најмногу од Скопје и од Тетово, а како оздравени се водат уште 343 пациенти.

Во последново деноноќие во земјава се регистрирани 906 нови случаи на заразени со коронавирусот. Тоа претставува 15 проценти од направените нешто повеќе од 6.000 тестирања.

Има 26 починати од коронавирусот, најмногу од Скопје и од Тетово, а како оздравени се водат уште 343 пациенти.

Во моментов во земјава има нешто помалку од 15 илјади активни случаи, а бројот на починати од Ковид-19 досега е 5.964.