14 позитивни случаи на Ковид-19 во училиштата, нема интерна трансмисија
Во училиштата има 14 позитивни случаи на Ковид- 19. Според ресорната министерка тоа се само 0,01 насто од учениците што следат настава во училиште. Дали и колку ученици ќе одат во изолација ќе покажат епидемиолошките анкети...

Во изминатиот ден 14 позитивни случаи на коронавирусот во училиштата, но нема интерна трансмисија, тврди министерката Царовска. Состојбата засега е стабилна и вели дека од 230.000 ученици кои следат настава со физичко присуство, само 0,01 процент се позитивни на Ковид 19. Ист е сучајот и кај наставниците, апелираше на почитување на протоколите.
Ученици позитивни на Ковид-19 се во скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и во „Ѓоргија Пулевски“. Епидемиолозите ќе одлучуваат за тоа кои деца и дали сите ученици ќе одат во изолација, откако Центарот за јавно здравје ќе направи епидемиолошки анкети.
Во училиштето „Ацо Шопов“ во Бутел се почитуваат мерките. Мал е бројот на ученици кои побарале да следат онлајн настава, вели директорката Дохчева.
Според информациите на Министерството за здравство, симптоми имаат уште неколку ученици од други училишта, но за нив се чекаат резултати од тестовите.
Викторија Милевска
