Вработена во градинка нападнала дете, МТСП го истражува случајот
Министерството е во директна комуникација со МВР за целосно и доследно да се истражи конкретниот случај, а заштитата и негата на децата се најважен и врвен приоритет...

Во врска со случајот за нападот врз дете од вработена во детска градинка во Автокоманда, пријавен во СВР Скопје, Министерството за труд и социјална политика информира дека, по налог на министерката Шахпаска, инспекциските служби веќе извршиле вонреден инспекциски надзор во градинката и ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на децата.
Министерството е во директна комуникација со МВР за целосно и доследно да се истражи конкретниот случај, а заштитата и негата на децата се најважен и врвен приоритет и токму од тие причини ги преземаме сите неопходни чекори за утврдување на фактичката состојба во конкретниот случај, се вели во соопштението од ресорот за труд и социјална политика.
