На симулиран пожар се тестира брзина на гаснење
Симулиран пожар на Беласица, ќе „гасат“ македонски и грчки пожарникари, а Центрите за управување со криза од двете страни преку оперативниот центар ќе се обидат за краток период да го изгаснат...

Пожар на Беласица, истиот започнува на територија на нашата теририторија кој за кус период преминува на грчка страна. Денес и утре симулативната вежба организирана од страна на ЦУК по сценарио за оперативно користење на опремата од ИПА европски поект за Интегриран опертивен центар за хуманитарна помош – HELP, што вклучува дизајн на кластер од контејнери за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи. Двата меѓусебно поврзани контејнери „Командни Центри - C4I“, заедно со медицински контејнер – „MED“.
Раководителот на секоторт за меѓународна соработка кој е и одговорен за симулативната вежба смета дека истата е клучна , но и ќе ја подобри стратешката и оперативаната ефикасност на јавната администрација и јавните служби во управувањето со елементарните непогоди во пошироката прекугранична област преку обезбедување на интегрирано решение за техничка поддршка и управување со пост-катастрофални операции и логистика на терен.
Современите услови на живеење и работа како и се поактуелните климатски промени се причина за секојдневните закани од природни непогоди и поради тоа е неопходна навремена и ефикасна превентивна припрема и подготвеност за спроведување на мерките за заштита и спасување а тоа е и предуслов за спречување на настанувањето или за ублажување на последиците од природните непогоди и други несреќи.
Стојне Митева
