Владата со кампања за борба против корупцијата
Проверка на потеклото на имот, конфискација- власта со кампања ќе се бори против корупцијата. Пријавувањето е предвидено да оди преку централизиран систем низ којшто ќе се следат предметите во институциите. Освен функционерите, под лупа и другите граѓани...
Преку дигитализација на над 1.314 институции и централизиран систем за пријавување, власта ќе се бори во сузбивањето на корупцијата. На државните службеници кои ќе бидат под сомнеж, ќе им се врши проверка на потеклото на имотот, а ќе следува конфискација ако се утврди дека е стекнат преку корупција.
„Неопходно е да се застане на патот на корумпираните во општеството“, рече премиерот Заев. Порача дека не смее да има недопирливи. Апелира до граѓаните да ја пријавуваат секоја нелегална активност од вработените во институциите.
Кампањата на владата која има за цел да ја зголеми совесноста во борбата против корупцијата ќе се одвива под мотото „Сега сѐ е јавно – корупцијата не се исплати“.
Миле Ристески
