МНР

Потребен е национален консензус за прашањата поврзани со Авганистан

03.09.2021 14:33

Северна Македонија прими Авганистанци по преземањето на власта од талибанците, но нема стратегија за ситуацијата во Авганистан. МНР иницира дебата колку Авганистанци ќе примиме, дали ќе имаме позиција за новите авганистански власти и како да спречиме нов мигрантски бран во Европа. Советот на МНР со оценка дека итно е потребен национален консензус по овие прашања …

Примивме Авганистанци како солидарност и обврска како НАТО членка за придонесување кон безбедноста во светот, но немаме стратегија за ситуацијата во Авганистан. Шефот на дипломатијата го свика советот на МНР да разгледува што државава треба да преземе во случај на нов мигрантски бран по дестабилизацијата во таа земја.

По преземањето на власта од страна на талибанците, евакуирани се 124 илјади Авганистанци, но поради пораст на сиромаштијата можно е половина милион авганистански државјани да се упатат во странство. Експертите апелираат дека земјава итно мора да ја прошири соработката со Европската агенција за гранична контрола Фронтекс.

Ситуацијата во Авганистан е неизвесна. Земјава треба да изгради став за односите со авганистанските власти.

Земјава декларираше дека ќе прифати 750 Авганистанци, но нема дефинирано колку може привремено да згрижи во земјава, и како да постапува по евентуални барања за азил. Затоа од стратегискиот совет сметаат дека треба да се изгради национален консензус по овие прашања.

Ирина Гелевска