Локални избори

Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје, Пановски носител на листа

05.09.2021 16:53

Уште ден рокер во трката за прв човек на Град Скопје. По Петар Георгиевски- Камиказа, се вклучува и Арбен Бени Шаќири. Кандидат е на движењето на ЛДП и ДОМ „Одлучно за промени“. Носител на советничката листа ќе биде докторот Никола Пановски. Лидерот на ДУИ, Ахмети со завет за неговите кадри.

Уште еден рокендрол музичар во трката за градски татко. Движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛПД го промовираа Арбен Шаќири. Докторот Никола Пановски ќе биде носител на советничката листа. Тој вели оти е потребно да се работи за граѓаните и да се разбие црно-белиот свет на двете партии. Шаќири пак се чувствува изневерен од тоа што е направено за градот во последните четири години.

Првиот интегративец Али Ахмети преку видео порака испрати обврзувачки завети за кандидатите од неговата партија. Да се придржуваат до зелената агенда, да имаат отворена врата за граѓаните, дигитализација на општините и училиштата, референдуми за сите важни прашања и нула агендата која опфаќа отпад, злоупотреба, корупција, лошо менаџирање.

„Овие пет завети не се само едно изборно ветување на нашите кандидати за градоначалници, но се нов задолжителен код на нашето однесување. Квалитетен живот за сите граѓани. За ова ќе ги држиме за збор сите градоначалници. Нашите правци секогаш сме ги избирале заедно“- вели Ахмети.

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ меѓусебно се обвинува за ширење лажни вести. Од владејачката партија велат - очигледно е дека никој не се нафаќа да биде кандидат на губитничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, секому му е јасно дека ги чека нов пораз на изборите. Опозицинерите со одговор: од концепти, власта на Заев покажа криминализираност, неспособност и неодговорност, на СДСМ не им веруваат повеќе ниту членството, ниту коалициските партнери.

Миле Ристески