Здравство

Се полнат ковид- центрите во Струга и Вевчани

05.09.2021 16:58

Се полнат ковид одделенијата во болниците во Струга и Вевчани. Над 20 пациенти со тешка клиничка слика се на кислородна поддршка...

Расте бројот на заболени од корона вирусот во струшко. Ковид одделенијата на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани и Лабуништа повторно се активирани. Се лекуваат 120 пациенти, се делат по стотина терапии дневно. Покритично е во селата со мал опфат на вакцинација. Во Вевчани има само неколку активни случаи, а опфатот на вакцнација е над 70%.

„Бројот на заболени е поизразен во Велешта и Лабуништа, очигледно дека причина се свадбите и прославите кои се одржуваа во периодот на доаѓањето на иселениците во странство. Додека овде, конкретно во Вевчани имаме една брјка од 10 до 15 позитивни“, вели Јован Стојкоски директор на Здарвствен дом Вевчани.

Во струшката болница моментално има 35 хоспитализирани пациенти, најмладиот има 42 години.

„Функционираме без проблеми, за таа цел е подготвен и распоред и соодветно се менаџира и кадровскиот потенцијал. Во моментов имаме доволно места, внимателно ја следиме сосотојбата и подготвнени сме и за други сценарија максимално искористувајќи ги нашите капацитети“, вели Арменд Арслани директор на болница Струга.

Во Струга има 604 активни случаи на корона вирусот, од нив 21 пациент се со тешка клиничка слика на кислородна поддршка, додека 12 пациенти во болницата биле вакцинирани и сите во стабилна состојба. Само во месец август во Струга, како последица на Ковид- 19 починаа 29 пациенти.

 

Соња Рилковска