Над 15 илјади активни ковид- случаи во земјава
Во последната ковид статистика повторно беа регистрирани голем број починати лица – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирања регистрирани се 459 новозаболени. Оздравеле 368 пациенти.

Не стивнува пандемијата. Во моментов има над 15 илјади активни случаи на Ковид-19 во земјава. Најмногу во Скопје, Тетово, Гостивар и во Куманово, а со најмалку активни случаи се Демир Капија, Дојран и Пехчево.
Во последната ковид статистика повторно беа регистрирани голем број починати лица – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирања регистрирани се 459 новозаболени. Оздравеле 368 пациенти.
Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани. Надлежните апелираат до граѓаните да се вакцинираат, како единствен излез од пандемијата.
