Дождовите и наводнувањето без поголемо значење кај земјоделските култури
Сушата продолжува. Прогнозираните повремени врнежи од дожд според агрометеоролозите нема значително да ја подобрат состојбата со недостигот на влага во почвата, освен кај виновата лоза. Вегетацијата е при крај поради што и наводнувањето веќе нема големо значење.

Неповолни временски услови во земјоделството имаше и во изминатата седмица, со неколку степени пониски температури на воздухот, особено во текот на ноќта, но воопшто не ја сменија состојбата со долготрајната суша.
Промената на времето со повремени врнежи од дожд, нема многу да помогнат поради тоа што недостига многу повеќе од она што наврна и се очекувше. Сушата и последиците се чувствуваат насекаде. Сите земјоделски култури и понатаму остануваат загрозени. Како многугодишните насади, виновата лоза и овошките, така и сите останати едногодишни, пролетни, градинарски и индустриски, каде што нема услови за наводнување.
Прогнозата за стабилното и суво време за оваа седмица со повремена облачност и температури кои нема да го надминат триесеттиот степен, ќе им годи на земјоделците само за собирање на родот кој остана, а се наоѓа на отворено.
Вегетацијата е веќе при крај и го завршува кругот за оваа сезона, а со тоа и препораката за наводнување според агрометеоролозите, веќе нема некое големо значење и битно влијание за земјоделското производство во овој период. Исклучок е виновата лоза која оваа година е една од најзагрозените култури, па наводнувањето сеуште може позитивно да влијание и врз квалитетот и врз големината на родот.
Методија Трајков
