Македонија

Нови 15 персонални асистенти за лицата со попреченост на југоистокот

07.09.2021 12:49

Југоистокот добива нови 15 персонални асистенти кои ќе помагаат на лицата со попреченост. Стручниот тим и во оваа серија обуки ќе им помогне на идните асистенти полесно и поодговорно да ги следат потребите на корисниците...

Лицата со попреченост во Струмица со огромен интерес за персонален асистент. По големиот интерес, Црвениот крст отвора трет циклус обуки за персонални асистенти. Обуката овој пат ја посетуваат 15 кандидати, од кои осум од Гевгелија, пет од Радовиш и двајца од Валандово.

Црвениот крст гради сериозни сервиси и останува отворен за сите на кои им е потребна услугата. Во наредниот период Црвен крст Струмица стартува со давање на услугата помош и нега во домот, поддржана од страна на Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика во општините Ново Село и Василево, преку 14 негуватели, а ќе бидат опфатени 28 корисници.

Персоналната асистенција директно му помага на корисникот на оваа услуга, индиректно му помага на целото семејство и го олеснува и подобрува квалитетот на животот на целото семејство.

Лицата кои можат да бидат опфатени со услугата персонална асистенција се лица од 18 до 64 години, со тежок или најтежок физички хендикеп и слепи лица.

Стојне Митева