ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ да си поднесе оставка
07.09.2021 13:08
СДСМ е власт пет години, а во тие пет години нема криминалец кој не им избега, велат од партијата.

За каква реформа во судството зборува Маричиќ, кога СДСМ е власт пет години, а во тие пет години нема криминалец кој не им избега, велат од партијата.
215 светски криминалци добија пасоши со лажен идентитет. Луѓе бегаат од затвор. Нема криминалец кој не е во сојузништво со власта. Криминалци работат за СДСМ, а Заев исплашен од огромен пораз активира криминалци за да го намали поразот, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
