Тетово

Обвинителството продолжува со вештачење на доказите за пожарот

13.09.2021 09:41

Тетовската болница барала од институциите зголемување на безбедноста за модуларниот објект- тврди градоначалничката на Тетово, Арифи. Двајцата директори во оставка засега без одговор. Обвинителството продолжува со вештачење на доказите за пожарот, а во откривање на причините поддршка и од германски форензичари, кои треба да пристигнат деновиве...

Докторката Ерселет Треси вработена во модуларната болница, во моментот на избувнувањето на пожарот не била на работа, но веднаш била повикана да дојде во клиниката. Видно вознемирена, не сакаше да кажува деталите околу несреќата. Сочуство до пациентите, а од тие кои преживеаа и останатите Ковид болни нема да се откажеме. Вознемирена и нејзината колешка која упати слична порака.

На заедничка средба во општинската сала освен медицинскиот персонал, од Општина Тетово беа поканети сите кои учествуваа во гасењето, но и спасуавњето на жртвите. Им беше искажана благодарност за жртвата која ја дале да се спасат останатите пациенти, а пожарот да не предизвика поголема трагедија во клиничката болница.

Наредната недела се очекува да пристигнат германските експерти од федералната криминалистика, кои веќе ги најави владата, а треба да помогнат во истрагата. Се работи за тим за подршка во истраги, особено до делот на форензика, ДНК анализа, електронски истраги и идентификација. 

 

Зоран Димовски