ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

14.09.2021 09:00

Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување на кандидатите за градоначалници и носители на кандидатски листи на Локалните избори 2021.

МРТ ги повикува сите политички субјекти со потврдени листи за градоначалници од Државната изборна комисија, да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на Првиот програмски сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:

• Од 27 септември до 1 октомври 2021 од 12.00 до 15.00 часот во студијата на Македонската телевизија.

МРТ ги известува политичките субјекти дека правото за бесплатно политичко претставување треба да го искористат за афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени предвид за емитување.

Снимениот материјал ќе се емитува во периодот од 4 октомври до 14 октомври 2021 година од 16.00-23.00 часот. Закажувањата за снимање на претставниците на политичките коалиции и партии се на следниот телефонски број: 071 350 848.

Со почит,
МРТ