Регион

Словенија: Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестот против ковид- рестрикциите

16.09.2021 10:04

Собирот почна на плоштадот „Република“ каде што бараа оставка од владата и предвремени избори, а по два часа дел од присутните запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон словенечкиот парламент.

Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Љубљана кои протестираа против мерките за пандемијата со Ковид-19.

Собирот почна на плоштадот „Република“ каде што бараа оставка од владата и предвремени избори, а по два часа дел од присутните запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон словенечкиот парламент.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови. Словенија и натаму ги заострува мерките. Во последниот пакет влегуваат и бензиските станици каде што отсега секој што сака да наточи гориво ќе мора да приложи ковид-потврда.