Свет

Франција се повлекува од разговорите за одбрана со Обединетото Кралство

20.09.2021 10:20

Париз е револтиран што Австралија се повлече од голем договор за набавка на подморници на нуклеарен погон. Иако веќе беше откажан состанокот меѓу француската министерка за војска Флоренс Парли и нејзиниот британски колега Џејмс Хипи, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон смирува...

Франција ги откажа разговорите за одбрана со Обединетото Кралство поради спорот поради новиот пакт АУКУС во Индо-Пацификот којшто Лондон го најави со Вашингтон и Канбера.

Париз е револтиран што Австралија се повлече од голем договор за набавка на подморници на нуклеарен погон.  Иако веќе беше откажан состанокот меѓу француската министерка за војска Флоренс Парли и нејзиниот британски колега Џејмс Хипи, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон смирува – нема простор за загриженост во односот меѓу Лондон и Париз.

Мисијата на АУКУС е да се намали влијанието на Кина во регионот.