Шапнија
Вулканска ерупција на Канарските Острови
20.09.2021 10:36
Околу 5.000 жители се евакуирани во привремени засолништа. Засега нема жртви.

Активиран вулканот Кумбре Виеха на канарскиот остров Ла Палма. По неколкудневна сеизмичка активност, од кратерот се забележани лава, пепел и огромни количества чад.
Околу 5.000 жители се евакуирани во привремени засолништа. Засега нема жртви.
Последната активност беше регистрирана пред пет децении.
