Талибанците не се откажуваат од строгиот шеријат
Новата влада им нареди на сите жени вработени во градските служби да останат дома. Исклучок е персоналот од одделенијата за проектирање и инженеринг. Претходно, на девојчињата им забранија да одат во средно училиште.

Затворени граници, блокирани пари, блокада на доставата на храна – ваква е реалната состојба во Авганистан на чело со Талибанците.
Новата влада им нареди на сите жени вработени во градските служби да останат дома. Исклучок е персоналот од одделенијата за проектирање и инженеринг. Претходно, на девојчињата им забранија да одат во средно училиште.
Во меѓувреме, во Џалалабад беше нападнато талибанско возило при што загинаа петмина. Борците на ова движење се вратија на чело на земјата по повлекувањето на САД кои сакаа да ја завршат нивната најдолга војна.
