Попис 2021

Попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

22.09.2021 09:34

Можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле – 193.982 лица.

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5-ти септември ќе трае до 30-ти септември.