АВГАНИСТАН

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

22.09.2021 11:42

Писмото е пратено пред два дена од страна на министерот за надворешни работи на групата.

Талибанците бараат можност да се обратат во Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Писмото е пратено пред два дена од страна на министерот за надворешни работи на групата.

Талибанците го номинираа својот портпарол од Доха, Сухаил Шахин за амбасадор на Авганистан во ОН. За барањето за учество одлучува одбор на Обединетите Нации.