Косово: Прекинат сообраќајот на Јариње и Брњак, метеж на Мердаре
22.09.2021 12:32
На граничните премини Јариње и Брњак пристигнаа полициските сили на Косово, што предизвика протест кај Србите кои ги блокираа патиштата.

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека уредбата за прoбните регистерски таблички за возилата од Србија не е ни провокација ни дискриминација.
На Твитер објави дека мерката иили ќе се почитува обострано или ќе се укине целосно.
На граничните премини Јариње и Брњак пристигнаа полициските сили на Косово, што предизвика протест кај Србите кои ги блокираа патиштата. Метеж беше регистриран и на Мердаре.
