ИТ компанијата „Скеил Фокус“ со нов простор за младите програмери
Преку своите канцеларии во Северна Македонија, „Скеил Фокус“ има за цел да ги мотивира и задржи младите ИТ експерти во земјата, да им даде можност да растат и да ги развиваат клучните технолошки вештини...

По Скопје, мултинационалната ИТ компанија „Скеил Фокус“ отвори уште една канцелариска локација во Северна Македонија - Битола, каде младите програмери ќе создаваат иновативни решенија за глобалните компании.
Преку своите канцеларии во Северна Македонија, „Скеил Фокус“ има за цел да ги мотивира и задржи младите ИТ експерти во земјата, да им даде можност да растат и да ги развиваат клучните технолошки вештини, додека работат на големи иновативни проекти за водечки компании низ целиот свет.
Компанијата ја започна својата инвестиција во Северна Македонија во 2019-та година со амбициозни планови за раст. Проекцијата на компанијата за следните 5 години, е бројот на вработени да надмине 300 луѓе.
