Пописот влегува во завршна фаза
Државниот завод за статистика ја отвори можноста оние граѓани што не биле попишани од попишувачите што ги посетуваат домовите, да отидат во седиштата на комисиите на пописните реони и таму да бидат попишани. Пунктовите во општините беа отворени вчера.

Уште четири дена остануваат за спроведување на најголемата статистичка операција во земјава. Досега попишани околу милион и 500 илјади граѓани, околу 500 илјади домаќинства и над 630 илјади станови.
Државниот завод за статистика ја отвори можноста оние граѓани што не биле попишани од попишувачите што ги посетуваат домовите, да отидат во седиштата на комисиите на пописните реони и таму да бидат попишани. Пунктовите во општините беа отворени вчера.
Граѓанската должност ја исполни и премиерот Зоран Заев. Денеска во семејството Заеви беше спроведена постапката за попишување. Премиерот ги повика граѓаните кои не се попишале, да го направат тоа во преостанатите четири дена.
Пописот на населението, домаќинствата и становите што официјално почна на 5-ти септември, ќе трае до 30-ти септември. Ова е прв попис во земјава по 20 години.
