Косово: Мирно, но тензично на премините
Состојбата на Јариње и Брњак е мирна, но тензична. Србите од северно Косово ја минаа ноќта во шатори и нагласија дека нема да заминат додека не им бидат исполнети барањата за повлекување на одлуката на Приштина.

Втора недела на барикадите, специјалците не се повлекуваат, граѓаните не отстапуваат. Продолжува протестот на Србите од Косово и Метохија против одлуката на Приштина за замена на регистерските таблички.
Состојбата на Јариње и Брњак е мирна, но тензична. Србите од северно Косово ја минаа ноќта во шатори и нагласија дека нема да заминат додека не им бидат исполнети барањата за повлекување на одлуката на Приштина.
Премиерот на Албанија најави посета на Косово. Покрај разговорите со неговиот косовски колега Албин Курти, Рама ќе зборува и за иницијативата „Отворен Балкан“.
