ИРАН
МААЕ: Техеран не ги исполнува условите
27.09.2021 11:12
Инспекторите на МААЕ требаше да добијат дозвола за видеонадзор во нуклеарните погони, но според директорот Рафаел Гроси, Иран го забранил пристапот до центрифугата во ТЕСА Караџ.

Меѓународната агенција за атомска енергија тврди дека Техеран не успеа во целост да ги исполни условите од договорот склучен пред две недели.
Инспекторите на МААЕ требаше да добијат дозвола за видеонадзор во нуклеарните погони, но според директорот Рафаел Гроси, Иран го забранил пристапот до центрифугата во ТЕСА Караџ.
Според спогодбата од 12 септември, инспекторите добија дозвола да ги сервисираат камерите и да ги заменат мемориските картички на сите локации во земјата, без исклучок.
