ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Бензинските пумпи останаа без гориво, Џонсон размислува да ја ангажира војската
27.09.2021 11:41
Поради рестрикциите за Ковид-19 и правилата за трговија по Брегзит, Британија се соочува со драстично намален број на возачи на камиони.
Илјадници бензински пумпи во Велика Британија останаа без гориво. На станиците во повеќето градови повторно имаше долги колони возила поради недостигот на нафта.
Поради рестрикциите за Ковид-19 и правилата за трговија по Брегзит, Британија се соочува со драстично намален број на возачи на камиони.
Премиерот Борис Џонсон размислува да ја ангажира војската за снабдување на пумпите.
