Свет

Британија ја стави армијата во состојба на готовност поради кризата со горивото

28.09.2021 09:55

Ангажманот на армијата следеше поради недоволниот број возачи на камиони и цистерни. Кризата со дериватот предизвика колони автомобили на бензинските пумпи.

Велика Британија ја става армијата во состојба на подготвеност, како дел од мерките за решавање на кризата во снабдувањето со гориво на бензинските пумпи.

Ангажманот на армијата следеше поради недоволниот број возачи на камиони и цистерни. Кризата со дериватот предизвика колони автомобили на бензинските пумпи.

Британскиот министер за транспорт изјави дека намалувањето на побарувачката за гориво е веќе видлива, бидејќи граѓаните го прифатиле апелот да не купуваат повеќе отколку што им е потребно.