Оптимизам за отстранување на блокадата и почеток на преговори до крајот на годинава
Северна Mакедонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, потврдиле претставниците на Европската комисијата, Фон дер Лајен и Вархеи кои неделава беа во посета на земјава. Истакнале дека работат на остранување на блокадата од Бугарија и почеток на преговори до крајот на годинава. Премиерот Заев со оценка - има позитивни придвижувања за решение со источниот сосед...

Европските диломати кои неделава беа во Скопје, шефицата на Комисијата, Фон дер Лајен и комесарот за проширување и добрососедство Вархеји, потврдиле дека земјава ќе стане полноправна членка на Унијата. Премиерот Заев информира дека двоецот ги информирал оти Брисел работи на остранување на блокадата од Бугарија со цел почеток на пристапните преговори до крајот на годинава. Шефот на Владата открива оти има позитивни придвижувања кон решение со источниот сосед.
Еврокоемсарот за проширување Вархеји имаше онлајн обраќање на форум, во кое истакна дека неговите посети на Софија и Скопје биле продуктивни и затоа е оптимист за постигнување решение до крајот на годинава, со што официјално ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција.
Самитот во Словенија меѓу европските членки и лидерите од Западниот Балкан нема да биде самит за проширување, појаснува државниот секретар во словенечкото МНР, Довжан, додавајќи дека како актуелен претседавач со блокот ќе бидат посредници, но дека за блокдата треба да се најде билатерално решение.
Сите земји- членки освен Бугарија се за почеток на преговорите со земјава, а забелешките што ги имаат Франција, Холандија и Данска се за преговори според новата методологија, појасни премиерот Заев.
Ирина Гелевска
