Европа
Поплави и невреме во Словенија, торнадо во Германија
30.09.2021 14:25
Пријавени се штети на станови, подземни гаражи, училишта и индустриски погони. Во Љубљана беа измерени рекордни количества дожд во последните 250 години.

Силно невреме и поплави во Словенија. За четири часа, дежурните служби примиле над 2.700 повици од граѓани. Пријавени се штети на станови, подземни гаражи, училишта и индустриски погони. Во Љубљана беа измерени рекордни количества дожд во последните 250 години.
Неколкумина повредени во торнадо во германскиот град Кил. Пожарникари и полицајци помагаа при спасување на граѓаните и расчистувањето. Пред еден месец соседните држави Рајна-Вестфалија и Рајнланд-Пфалц беа погодени од поплави, во кои загинаа речиси 200 луѓе.
