КОСОВО
Нормализиран сообраќајот на Јариње и Брњак, се применува договорот за лепенки
04.10.2021 10:31
Специјалните единици на косовската полиција се повлекоа откако локалното население ги отстрани барикадите поставени поради мерката за употреба на привремени, печатени регистарски таблички за сите возачи што влегуваат од Србија.

Сообраќајот на административните премини Јариње и Брњак е нормализиран. Специјалните единици на косовската полиција се повлекоа откако локалното население ги отстрани барикадите поставени поради мерката за употреба на привремени, печатени регистарски таблички за сите возачи што влегуваат од Србија.
Приштина рече дека потегот е реципрочен со мерките на Србија против возачите од Косово што беа во сила од 2008 година, кога земјата прогласи независност од Белград. Контролата на премините ја презеде КФОР.
