Свет

Северна Кореја ја обновува „црвената линија“ со Јужна Кореја

04.10.2021 11:14

Комуникацијата на Полуостровот беше прекината од страна на Пјонгјанг во август во знак на протест против американските и јужнокорејските воени вежби, само неколку дена откако линијата за првпат беше воспоставена.

Северна Кореја денеска ќе ја обнови „жешката линија“ со својот јужен сосед од кој очекува чекори за подобрување на односите. Комуникацијата на Полуостровот беше прекината од страна на Пјонгјанг во август во знак на протест против американските и јужнокорејските воени вежби, само неколку дена откако линијата за првпат беше воспоставена.

Ким Јонг-ун му порача на Сеул да запре со спроведување на, како што вели, „двојните стандарди“ и „заблудите“ за севернокорејските воени активности за самоодбрана, алудирајќи на програмата за развој на оружје.