Наскоро паметен телефон со шест камери
28.03.2014 13:46
Лидерот во интернет трговијата Amazon, планира да лансира смартфон со шест камери. Овој уред се очекува да се појави на пазарот во вториот квартал на годината.
Главната камера со резолуција 13 MP, ќе има леќа со автофокус и стабилизатор на сликата, тврди сајтот Tech – On. Како и кај другите паметни телефони, предвидена е втора, помошна камера со резолуција 2 MP. Сензорите за слики на двете камери ќе бидат произведени од страна на Sony .

Смартфонот на Amazon ќе има уште четири камери со резолуција 0,3 MP и со сензори од Omnivision. Тие ќе бидат дел од системите за препознавање на гестови и кориснички интерфејс. Вкупната вредност на модулите за шесте камери изнесува околу $ 40-50 .
Според аналитичарите од KGI Securities Investment Advisory , уредот ќе се базира на системот со еден чип (SoC) Qualcomm Snapdragon MSM8974AC , кој се користи во Samsung Galaxy S5.
Се претпоставува дека Amazon ќе испорача 300-600 илјади смартфони во периодот април-јуни, а до крајот на годината обемот на продажбите ќе достигне 2-3 милиони.