Свет

Двајца новинари добитници на Нобеловата награда за мир

08.10.2021 11:50

Реса е новинар и писател од Филипините, додека Муратов е главен и одговорен уредник на рускиот весник „Новаja газета“...

Нобеловата награда за мир за 2021 година ја добија новинарите Марија Реса и Дмитриј Муратов за нивните напори да ја заштитат слободата на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

Реса е новинар и писател од Филипините, додека Муратов е главен и одговорен уредник на рускиот весник „Новаja газета“.

Оваа година за Нобеловата награда за мир беа предложени 234 лица, меѓу кои и рускиот опозиционер Алексеј Навални, климатската активистка Грета Тунберг и белоруската опозиционерка Светлана Тихановска.