ГРОМ: Од државниот буџет пари и за Истокот

28.03.2014 22:40

Мојата цел е да ја стокмам државата од внатре, со граѓани кои нема да се плашат и да им слугуваат на власта, рече на своето претставување пред пробиштипјани, кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски...

„Нашата цел е да не биде повеќе државата главен вработувач, граѓаните и компаниите да имаат повеќе пари “, рече Зоран Поповски, кандидат за претседател на ГРОМ.

Лидерот Стевчо Јакимовски рече дека Истокот, од каде потекнува, е неправедно запоставен од Власта. Затоа Поповски е најдобриот кандидат, кој ќе работи за дома, а не Брисел и Вашингтон

„Нам ни треба претседател  кој што ќе воспоставува политички дијалог, човек којшто ќе ги смирува страстите во државата“, рече лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во Пробиштип.

Претседателскиот караван на ГРОМ денеска беше во повеќе населени места во кратовско- пробиштипскиот регион.

 

Весна Коловска