Иванов во Кавадарци: Тиквешијата веќе го менува ликот
Влезот на „Дрекслмајер“ го радвижи градот. Веќе 4 илјади граѓани влегоа на работа во оваа фабрика, нагласи Иванов пред кавадарчани...

Со Кавадарчани се гледам често, не еднаш го празнував Свети Трифун со вас, постигнавме успеси бидејќи сме во контакт со народот, рече претседателот Иванов пред кавадарчани.
„Донесени се речиси 2 милијарди евра - странски инвестиции, исплатени се половина милијарда евра субвенции за земјоделците - тоа е работа за многу земјоделци, агрокомбинати и винарски визби, Тиквешијата веќе го менува ликот. Кавадарци -градот на лозјето и виното покрај тоа што заживеа со помош на субвенциите, влезот на „Дрекслмајер“ го радвижи градот. Веќе 4 илјади граѓани влегоа на работа во оваа фабрика, до крајот на годинава ќе влезат уште 800-тини“ рече Иванов
Наташа Гркова- Петрушевска
