Иванов во Неготино: Економски бенефит од гасификацијата

28.03.2014 23:13

Ѓорге Иванов на вечерашниот митинг во Неготино ја истакна важноста и економскиот бенефит од гасификацијата...

„Ја внесовме Македонија во плановите за гасоводот „Јужен тек“. Во Неготино ќе се вкрстат првата и втората делница на гасоводот, Клечовце- Штип- Неготино и Неготино-Прилеп –Битола. Гасификацијата на Македонија ќе значи поевтина енергија, пониски цени на македонските производи, повеќе можности за развојот на македонската економија и производство. Гасификацијата ќе ги зголеми шансите за нови инвестиции и за нови работни места во Неготино“, нагласи Иванов.

Како и на секој митинг досега, и на овој председателот го потврди ставот дека нашето име е , и ќе остане Македонија.