Халими во Дебар: Претседател во служба на сите граѓани

28.03.2014 23:37

Кандидатот за претседател на ДПА - Илијаз Халими, побара од жителите на Дебар да го дадат својот глас за него зошто било прв пат во историјата на Македонија да има еден кандидат албанец.

Рече дека ќе биде во служба на сите граѓани, без разлика на припадноста.

„Ќе се залагам за деблокирање на евроинтегративните процеси на земјава како и за подобрување на добрососедските односи“ - изјави Халими.

„Се чини дека ДУИ е измислена да биде против ДПА и да ја уништи, нема понасилна партија од ДУИ,ПДП беше подемократска и потолерантна кога бевме во опозиција. Неможете да ги слушате да критикуваат некого од партиите на македонците“, нагласи претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

„Се надевам дека на 13-ти април албанците ќе ги дефинираат позициите, вие дајте 51 процент од гласовите за нашиот кандидат на 28-ми оти јас умеам и знам да победувам“, додаде Тачи.

Под слоганот „албанец за претседател“, ДПА го продолжува својот предизборен караван.