Евроинтеграции

Гир: Почеток на преговорите до крајот на годинава

20.10.2021 13:10

На заедничката прес-конференција со вицепремиерот Димитров, Гир нагласи дека се очекува првата меѓувладина конференција со која би бил означен стартот на преговорите да се одржи до крајот на годинава...

Земјава ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на Унијата. Еврокомесарот Дејвид Гир го презентираше извештајот на ЕК за напредокот  во процесот на евроинтеграцијата.

На заедничката прес-конференција со вицепремиерот Димитров, Гир нагласи дека се очекува првата меѓувладина конференција со која би бил означен стартот на преговорите да се одржи до крајот на годинава.

Истакна дека треба да бидат засилени напорите за решавање на прашањето со Бугарија. Треба да продолжи и имплементацијата на билатералните договори со Бугарија и со Грција, од сите страни потписници.

Треба да продолжат и напорите поврзани со борбата против корупцијата, владеење на правото и реформа на админситрацијата, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.