Изложба на академик Васко Ташковски во Даут- пашин амам
Ќе бидат изложени дела од повеќе фази од творештвото на академик Ташковски, според многумина водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.

Вечерва во Националната галерија во Даут- пашиниот амам ќе биде отворена ретроспективна изложба на академик Васко Ташковски.
Ќе бидат изложени дела од повеќе фази од творештвото на академик Ташковски, според многумина водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.
Ташковски е роден на 31 август 1937 година во Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште го завршил во Скопје во 1958 година. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година.
Од 1966 до 1991 година работел како сценограф во Македонската телевизија. Покрај сликањето во маслена техника, работел и акварел, цртежи и графика. Има реализирано над 50 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.
Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои Награда на СУБНОР „4 Јули“, Белград (1977), Октомвриска награда на СР Македонија, Скопје (1978), Медал на трудот од Претседателството на СФРЈ. Белград (1980) и др. Во 1994 година станува дописен член во МАНУ.
