„Да, инспекторе, претстава со грешки“ премиерно во Прилепскиот театар

22.10.2021 10:03

Театарската публика и по 55-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што пред две недели заврши во Прилеп, останува желна за да види нови претстави на сцената. Сега, наместо 30, публиката ќе ја има 50 насто на премиерната изведба на втората претстава годинава во Прилепскиот театар. Актерите уверуваат дека ќе се создаде хит-претстава со специфичен, досега невообичаен хумор на сцената...

Две недели по 55-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, прилепската публика, желна, повторно ќе ужива во театарска претстава. Преставата „Да, инспекторе, претстава со грешки“ е со специфичен хумор, како одговор на човековото игнорирање на работите кои тргнале надолу. Светски познат англиски текст на тројца автори е режисерски адаптиран на нашите простори.

Првата соработка на режисерот Синиша Евтимов со ансамблот се оценува успешна, со намера да создаде хит. Претставата во претстава, велат актерите, бара голема концентрација, но се среќни што работат на сцената.

Ова е втора премиера во прилепскиот театар кој сега ќе има 50 насто од публиката. До крајот на годинава ќе се работи на трета театарска премиера.

 

Елизабета Митреска