Локални избори

Поголема излезност во Битола во вториот круг

31.10.2021 17:00

Битола ја тера последната четвртина од вториот круг на изборниот ден. Од општинската изборна комисија велат ги следат сите пријави што доаѓаат од терен, но апелираат и до избирачките одбори да се почитуваат пепораките по затворањето на избирачките места. Граѓаните во исчекување на резултатите кои ќе го одредат идниот татко на општината...

Во вториот круг од седмите по ред локални избори битолчани порасположени за гласање. Ако првиот круг финишираше со 54 проценти излезност, овојпат до 15 часот на 170-те избирачки места од евидентираните 80.882 граѓани со право на глас, своето уставно право го оствариле окулу 41 отсто од гласачите. До затворањето на гласачките места останува помалку од два часа.

Од Општинската изборна комисија велат искуството кажува дека во попладневните часови излезноста добива на динамика. До избирачките одбори  со апел за точноста на затворањето на избирачките места и за правото на глас на затекнатите во тој момент, но и за постапката потоа.

Тие со своите правила и калкулации, граѓаните со желбите и пораките како да се дојде до поубава Битола.

Сепак висок степен на одговорност и желба за гласање и овојпат покажуваат граѓаните со право на глас на соседната опѓтина Демир Хисар. На 36 избирачки места од запишаните 6.959 граѓани до 15 часот гласале 54,84 проценти.

Стевче Митревски